Парадокс: Зошто врвните европски универзитети заостануваат во бројот на пријавени AI патенти?

Додека глобалната дебата за вештачката интелигенција (ВИ) често се фокусира на етиката, вистинската битка за технолошка превласт се води во депоата за патенти. Најновиот извештај на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), анализиран од Visual Capitalist, открива фрапантни податоци: Европа, и покрај својата академска моќ, сериозно заостанува во трката за ВИ патенти зад Кина и САД.

Кој доминира на мапата?

На врвот се Кина и САД, недостижни во бројот на апликации. Веднаш по нив доаѓаат азиските тигри – Јужна Кореја (3-то место) и Јапонија (4-то место). Во првите десет нации, Европа е претставена само преку Германија и Франција, додека Мексико (10-то место) и Индија покажуваат како агресивните индустриски стратегии го престигнуваат европскиот академски занес.

Зошто Европа го губи темпото? 

Иако Европа ги има некои од најдобрите истражувачки центри во светот, неколку фактори го кочат преточувањето на знаењето во заштитена иновација:

  • Недостаток на ризичен капитал: Додека во САД и Кина се „пумпаат“ милијарди во ризични проекти, Европа страда од хроничен недостаток на VC фондови и бизнис ангели подготвени да инвестираат во скапи и неизвесни ВИ решенија
  • Проблем со скалирање (Scaling): Европските компании се помали и поретко успеваат брзо да пораснат. Без големи, глобални играчи, бројот на патенти природно е помал
  • Фрагментиран пазар: Поделеноста по јазици, национални регулативи и различни екосистеми го оневозможува брзиот раст што е неопходен за доминација во AI секторот
  • Академското знаење наспроти индустријата: Голем дел од европското знаење останува „заглавено“ во универзитетските архиви како научен труд, наместо да се комерцијализира како патент во индустријата.

Темпото е проблемот, а не капацитетот

Она што произлегува како јасен заклучок е дека Европа не е „слаба“ во областа на ВИ. Таа сеуште е лидер во фундаменталните истражувања и има сериозна патентна активност во специфични технолошки гранки. Меѓутоа, во делот на ВИ таа губи во темпото на инвестициите и во брзината на трансформирање на идеите во пазарни производи.

Универзитетите едноставно не се доволни

Проблемот на Европа не е во тоа што нема добри универзитети – напротив таа има силна научна база и создава врвни таленти. Исто така, Европа не е „слаба“ во областа во делот на ВИ. Таа сеуште е лидер во фундаменталните истражувања и има сериозна патентна активност во специфични технолошки гранки. Меѓутоа, во областа на ВИ таа губи во темпото на инвестициите и во брзината на трансформирање на идеите во пазарни производи, со други зборови – знаењето потешко се претвора во патенти, стартапи и големи компании.

Добрите универзитети создаваат талент и публикации, но патентите најчесто доаѓаат кога има компании што инвестираат во развој, правна заштита и пазарна верификација. Според извори од EPO и релевантните анализи за Европа, дигиталниот сектор и ВИ-комерцијализацијата сериозно заостануваат зад САД и Кина токму поради овој јаз помеѓу лабораторијата и пазарот.

За региони како Југоисточна Европа и Македонија, ова е јасен сигнал – мора да се изградуваат екосистеми каде науката ќе биде директно поврзана со „охрабрувачкиот“ капитал и индустриската примена.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top