Нов бран на технолошка доминација од Истокот: Дали хуманоидните роботи се новата „бела техника“ или само нов економски меур?

Додека последниве две години изминуваат во знакот на еволуцијата на јазичните модели (LLMs), денес сме сведоци на „физичката реализација“ на ВИ. Само пред неколку дена, Кина ја потврди својата превласт во трката со нови импресивни количества на хуманоидни „гаџети“, со пуштање во погон на првата целосно автоматизирана производна линија во светот која може да испорачува 10.000 хуманоидни роботи годишно, што  во временска рамка значи дека од погонот Гуангдонг, на секои 30 минути ќе излегува по еден робот!

Ова е јасен сигнал на премин од експериментални фази кон производство на индустриско ниво. Развојот доаѓа во време на засилена глобална трка за зголемување на производството на хуманоидни роботи, каде што бројките на производство се повеќе се гледаат како клучен репер за напредок и доверба на инвеститорите.

Немилосрдна математика на пазарот: Истокот против Западот

Според најновата анализа и рангирање објавени од Visual Capitalist (17 март 2026), во светот на хуманоидната роботика моментално постои огромен јаз меѓу „визијата“ и „реализацијата“. Додека западните лидери како Tesla OptimusFigure AI и Boston Dynamics се фокусирани на постигнување врвна вештачка интелигенција, нивните производствени бројки за 2025 година се мерат само во стотици единици.

На спротивната страна, Кина веќе не само што дизајнира, туку и агресивно „штанца“. Податоците се неумоливи: над 90% од глобалните испораки на хуманоидни роботи доаѓаат од кинески компании (како што се UnitreeAgibot и UBTECH во партнерство со Siemens). Додека Западот се стреми кон софтверско совршенство, Истокот ја користи стратегијата на масовност и достапност. Ценовниот шок е веќе тука – со модели како Unitree G1 кои чинат само 5.900 долари, хуманоидната технологија влегува во зоната на цените на половните автомобили.“

Според најновото рангирање на Visual Capitalist (17 март 2026), во светот на роботиката постои огромен јаз меѓу визијата и реализацијата. Додека западните гиганти како Tesla OptimusFigure AI и Boston Dynamics се фокусирани на врвна софтверска софистицираност, нивните производствени бројки за 2025 година се мерат во стотици.

Ризикот од хиперпродукција: Повторување на EV сценариото?

Сепак, постои и друга страна на медалот. Кинеската Национална развојна комисија (NDRC) веќе во ноември 2025 година предупреди на ризик од „технолошки меур“. Слично како со електричните возила (EV), каде Кина има капацитет двојно поголем од побарувачката, постои опасност производството на роботи да води пред софтверот и реалната примена.

Прашање кое се поставува е следното: Дали ќе гледаме полни магацини со роботи на залиха кои немаат доволно квалитетен софтвер за да ги заменат работниците?

Технолошки предизвик за македонската академска заедница

Овие најнови случувања претсавуваат и непосреден предизвик за нашите инженери и студенти на Машинскиот факултет при УКИМ, ФЕИТ и ФИНКИ. Проектот на компанијата Leju Robotics и Dongfang Precision вклучува 24 прецизни монтажни процеси и 77 контролни точки. Ова не е само лабораториски експеримент, туку високопрецизна индустриска интеграција наменета за автомобилската индустрија и производството на бела техника.

Заклучок: Каква порака испраќа овој индустријски „спринт“ до нашата економија?

Најновата фабрика во Гуангдонг е јасен сигнал дека Кина има намера да ја повтори својата агресивна стратегија од EV секторот: да биде прва и најевтина во масовното производство. За глобалната технологија ова е одлична вест, бидејќи најавува нагло паѓање на цените. Но, што значи ова за регионите како Западниот Балкан?

Одговорот на ова прашање бара итно и сериозно внимание. Прашањето веќе не е дали овие роботи ќе пристигнат на нашите простори, туку дали за 5 до 10 години ќе бидеме подготвени да ги интегрираме во нашите фабрики. Ова зашто алтернативата е болна – да дозволиме овој индустриски јаз да стане непремостлив, оставајќи ја нашата економија во минатиот век.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top