Техно-Пулс

Најнови вести од светот на технологијата

Зелен електричен автомобил Renault 5 приклучен на станица за полнење во изложбен простор.
Техно-Пулс

⚡Техно-Пулс: Енергетски шок или пресвртница: Дали се’ поскапото гориво води кон доминација на електричните возила?

Глобалната политичка сцена во светло на новите тензии на Блискиот Исток, непосредно се рефлектираат и на цените горивата за возилата.

Футуристичко роботакси возило без возач на градски булевар во САД, симетричен дизајн со напредни LiDAR сензори и стаклени површини.
Техно-Пулс

 ⚡Техно-Пулс: Експанзија на роботакси услугите во САД – Од визија до 36 милиони возења

По деценија помината во осцилации помеѓу огромен ентузијазам и безбедносен скептицизам, автономните возила конечно ги освојуваат американските градови. Она што

Ред од хуманоидни роботи Tesla Optimus во фабрика
Техно-Пулс

⚡„Тесла“ гради мега-фабрика во Тексас за 10 милиони роботи годишно

Илон Маск започна со изградба на масивен објект во кампусот „Гига Тексас“, посветен исклучиво на хуманоидниот робот Optimus. Локацијата се протега на над 5,2 милиони квадратни метри, со амбициозен план за производство на 10 милиони роботи годишно до крајот на 2026 година.

Ова не е само „обично“ проширување, туку создавање на најголемиот центар за роботика и вештачка интелигенција во светот. Објектот ќе вклучува и производство на сопствени чипови, што ја позиционира Tesla како лидер кој ќе ја диктира брзината на глобалната технолошка револуција.

Извор:The Robot Report / TeslaNorth/Tesla

Perovskite соларна ќелија - нова технологија
Техно-Пулс

⚡Рекордна ефикасност на новите соларни ќелии

Истражувачки тимови од Европа објавија нов рекорд во ефикасноста на „Perovskite“ соларните ќелии. Оваа технологија ветува многу поголема моќност во споредба со традиционалните силиконски панели што ги гледаме денес.

Зошто е важно: Овој пробив овозможува производство на полесни, пофлексибилни и поевтини панели кои можат да се монтираат на речиси секаква површина — дури и на стаклени згради. За земји со многу сонце како Македонија, ова е клуч за побрза енергетска независност.

Извор: ScienceDaily / Energy News

Хуманоиден робот Figure 01 во фабрика на BMW
Техно-Пулс

⚡Хуманоидни роботи во фабриките на BMW

Германскиот автомобилски гигант BMW започна со тестирање на хуманоидни роботи од компанијата Figure во својата најголема фабрика во Спартанбург, САД. Роботот „Figure 01“ ќе извршува прецизни задачи во одделите за лимарија и логистика.

Зошто е важно: Ова е јасен сигнал дека најголемите европски индустрии веќе не гледаат на роботиката како на далечна иднина, туку како на неопходна алатка за намалување на трошоците кај електричните возила. Ова е почеток на масовната интеграција на вештачката интелигенција во физичка, хуманоидна форма.

Извор: [Autoblog / BMW Group]

Scroll to Top