Глобалната политичка сцена во светло на новите тензии на Блискиот Исток, непосредно се рефлектираат и на цените горивата за возилата. Но, овојпат, скокот на цените на нафтата делуваат и како катализатор за пазарот на електрични возила (EВ). Најновите анализи на Bloomberg Adria потврдуваат нов тренд: Европските возачи се во „трка“ по поевтини електрични алтернативи. Но, дали ова е почеток на крајот за бензинот и дизел горивото, или пак само привремен „одбранбен механизам“?
Глобален преглед: Рекорди под притисок
Податоците од најголемите европски пазари во овој период од 2026 година се фрапантни:
- Германија (The Guardian): Забележан е над 50% раст на пребарувањата за EV откако цената на дизелот проби рекордни 2.50 € за литар.
- Велика Британија (TIME): Продажбата на електрични автомобили достигна рекордни 86.120 возила во само еден месец.
Дали е прерано за прогласување победа?
Иако бројките покажуваат раст на интересот, експертите во индустријата остануваат претпазливи. Прашањето е дали зголемената побарувачка ќе се претвори во долгорочна продажба.
- Инфраструктурни сопирачки: И покрај желбата за заштеда, многу возачи во Европа, сеуште се соочуваат со „тесни грла“ кога станува збор за достапноста на брзи полначи. Овој јаз меѓу бројот на возила и мрежата за полнење останува главната стратешка кочница.
- Пазарен оптимизам наспроти реалност: Заклучокот на аналитичарите е јасен – прерано е да се каже дали овој тренд ќе трае „засекогаш“. Вистинскиот тест ќе се случи во моментот кога енергетскиот пазар ќе се стабилизира. Дали тогаш возачите ќе му се вратат на проверените и познати бензински и дизел опции, или ќе бидат неповратно „вклучени во струја“?
Ризици и можности
Овој „Е-Auto Boom“ во моментов се движи на границата меѓу краткорочен шок и долгорочна стратегија.
- Ризик: Постои голема веројатност овој бум да биде само „кризен феномен“ – реакција на ценовен шок која би избледела доколку пазарот на нафта се стабилизира.
- Можност: Доколку владите ја искористат оваа криза како мотив за масовно инвестирање во инфраструктура и паметни субвенции, моменталната продажба може да се стабилизира на многу повисоко ниво.
Како заклучок на сето ова, може да се каже дека се потребни итни структурни промени – од индустриска стратегија до мрежа на полначи, за моментнио интерес да се претвори во трајна трансформација на пазарот.
