Ирска е во енергетски „шок“. Според извештај на BBC, една од најтехнолошките земји во светот се соочува со сурова реалност: податочните центри (Data Centers) веќе трошат 21% од вкупната електрична енергија во земјата. Тоа е повеќе од сите ирски домаќинства заедно!
Но, ова не е само ирски проблем. Со експлозијата на вештачката интелигенција (ВИ), светот се соочува со глад за електрична енергија, а Земјата како енергетски извор станува претесна. Еве ги двете радикални решенија што ги нудат технолошките гиганти:
Решение 1: Нуклеарна ренесанса (SMR)
По долгогодишен скептицизам, нуклеарната енергија се враќа на „голема врата“ преку SMR (Small Modular Reactors) – мали модуларни реактори.
- „Џепни“ нуклеарки: Наместо огромни централи што се градат со децении, SMR се произведуваат фабрички и се инсталираат брзо
- Инвеститори: Google, Amazon, Microsoft и TerraPower (на Бил Гејтс) веќе вложуваат милијарди за 24/7 чиста енергија
- Дали е ова само далечна иднина? Секако дека не, зашто првите комерцијални единици се очекуваат помеѓу 2028 и 2030 година.
Решение 2: Податочни центри во орбитата на Земјата (ASCEND)
Вселената се нуди како значајно откритие, а европскиот проект ASCEND засилено истражува лансирање на тнр.серверски фарми на височина од 1.400 km.
- Бесплатно ладење: Наместо огромни трошоци за струја и вода (кои на Земјата достигнуваат и до 40% од потрошувачката на центрите), вселената нуди природен „радијатор“.
- Вечно сонце: Соларните панели работат 24/7, без облаци и ноќи.
Македонски контекст: Каде сме ние?
Додека кај нас фокусот е на тековните енергетски предизвици, како што се обновливите извори на енергија и најновите проекти поврзани со когенеративни централи за справување со загадувањето, потребно е паралелно да се развива и свеста за планирањето на нуклеарната енергетска иднина, која не е веќе фикција и далечна иднина, туку реалност зашто 2030-та година е речиси на прагот. Како земја која бара енергетска независност, можеби токму ефикасноста на мини-нуклеарките (SMR) и покрај сите свои предности и недостатоци, се вистинското решение за една мала земја како нашата.
Какви се вашите размислувања?
Дали би прифатиле модерен SMR реактор во вашата близина, ако тоа значи чиста и евтина енергија?
Пишете ни во коментари!
