Натриум-јонски батерии и електричните возила – замена за литиумот или само негово дополнување?

Додека литиумот со години е доминантен извор на енергија во електричните возила, појавата на натриум-јонските батерии наметнува сериозна дебата: дали сме на прагот на целосна замена на технологијата или едноставно добиваме неопходно дополнување на пазарот? По повеќегодишни лабораториски истражувања, во периодот меѓу 2023 и 2025 година, од неодамна овие батериски системи почнаа да го наоѓаат својот пат до првите комерцијални модели. Иако се чини дека можат да го загрозат приматот на литиумот во премиум сегментот, се чини дека тие сепак само отвораат една специфична пазарна ниша за подостапни, градски електрични возила (ЕВ), каде економичноста е поважна од екстремните перформанси.

Појавата на натриумот нема за цел да го уништи литиумот, туку да го направи електричното возило достапно за секој возач

Зошто гигантите од Кина и Европа се обложуваат на натриумот?

Според најновиот осврт на Interesting Engineering, водечките производители гледаат огромен потенцијал во оваа технологија, пред сè од буџетски аспект. Проценките велат дека натриум-јонските батерии се 20-40% поевтини од литиум-јонските (LFP) штом ќе се постигне масовно производство.
Главните карактеристики и предности на натриумот и натриум-јонксите батерии:

  • Неограничени ресурси: натриумот го има во изобилство (обична сол), што ја елиминира зависноста од скапото и еколошки контроверзно рударење литиум;
  • Термичка стабилност: овие батерии се многу поотпорни на прегревање и запаливост, што ги прави побезбедни за секојдневна употреба;
  • Отпорност на студ: за разлика од литиумот, натриумот задржува над 90% од капацитетот на температури под -20°C. Кинеските гиганти BYD и CATL ова веќе го потврдија со екстремни тестови во замрзнатите предели на Монголија;
  • Еколошки аспект: полесни се за рециклирање и имаат помал еколошки отпечаток од рударството на литиумот.

Предизвици: каде натриумот сеуште заостанува?

И покрај оптимизмот, технологијата не е совршена. Клучните пречки за целосна доминација се:

  • Пониска енергетска густина: складираат помалку енергија по единица тежина, што значи пократок досег, што е идеално за градски возила, но не и за долги релации;
  • Движење на јоните: натриум-јоните се движат побавно, што доведува до подолго време на полнење при високи оптоварувања;
  • Производствени предизвици: Металите во катодата лесно оксидираат на воздух, што го прави производството попредизвикувачки.

Натпревар во лабораториите: јапонскиот фосфор наспроти американскиот гел

Натпреварот е во полн ек. Додека јапонските научници ја засилуваат моќта на натриумот со методот на додавање фосфор за подобри перформанси, американските истражувачи од Универзитетот Колумбија возвраќаат со револуционерен гел-електролит кој го прави литиумот полесен и побезбеден.

Индикатори за пазарниот натпревар:

– CATL веќе ги инсталира своите Naxtra натриум-јонски батерии во првите патнички модели на Changan и Aion;

– BYD веќе позиционира клетки со животен век до 10.000 циклуси за буџетски ЕВ и комерцијални возила;

– CATL веќе ги инсталира своите Naxtra натриум-јонски батерии во првите патнички модели на Changan и Aion;

– BYD веќе позиционира клетки со животен век до 10.000 циклуси за буџетски ЕВ и комерцијални возила;

– Глобалните испораки на овие батерии во 2025 година достигнаа 9 GWh (раст од 150%), со тенденција за уште поголем скок во 2026 година.

Две паралелни технологии за различна иднина

Иако литиумот сè уште доминира со над 95% од пазарот, јасно е дека натриум-јонските батерии веќе не се само лабораториско ветување. Тие влегуваат во фаза на сериозна комерцијализација како паралелна технологија која ќе го пополни критичниот простор кај градските возила. Наместо целосна замена, во иднина ќе гледаме паралелен свет на двата модела: литиум за високи перформанси и натриум за масовна и евтина мобилност.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top