Роботите кои се користат како асистенти во болници, наидуваат на се’ поголема примена – од учество во хируршки интервенции (што им овозможува на хирурзите поголема прецизност, стабилност и минимално инвазивни процедури), преку транспорт и логистика (достава на лекови, лабораториски примероци и медицински материјали низ одделите), до помош на персоналот (автономни колички и роботи за дезинфекција ја намалуваат работната тежина на медицинските сестри), телеприсуство (роботи со екрани овозможуваат лекарите да комуницираат со пациенти од далечина) и интеракција со пациенти и давање информации, вклучувајќи и емоцинална поддршка на пациенти.
Примената на роботите во здравствениот сектор е најмногу присутна во развиените земји, пред се во САД, Јапонија, Франција, Швајцарија и Германија. Нивната примена придонесува за зголемена ефикаснот, намалување на административни задачи за медицинскиот персонал, подобра хигиена и безбедност и обезбедување на подобро искуство за корисниците.
Потврда за нивната растечка улога се и инвеститорите кои покажуваат се’ поголем интерес, а најнов таков пример претставува и Serve Robotics, американска компанија позната по роботи кои се користат во услуги на достава по тротоари (sidewalk delivery), поддржани од Uber и Nvidia.
Според пишувањето на TechCrunch Robotics (https://techcrunch.com/2026/01/20/why-serve-robotics-is-acquiring-a-hospital-assistant-robot-company/?utm_source=copilot.com), Serve Robotics кон крајот на минатиот месец ја заврши аквизицијата на Diligent Robotics, стартап компанија од Тексас основана во 2017 год. која произведува роботи наречени Moxi, дизајнирани да помагаат во болниците со доставување лабораториски примероци, материјали и други задачи. Договорот ги проценува обичните акции на Diligent на 29 милиони долари.
