Во јануари, CES 2026 импресионираше со мега цифри: 4.100 изложувачи, 1.200 стартапи и илјадници нови гаџети. Но, вистинското прашање за посетителите беше – не што беше покажано на штандовите, туку кога тоа ќе биде достапно и по која цена. По речиси два изминати месеци, веќе се располага со првите конкретни датуми и цени за оние кои беа најавени како нови ударни производи.
Телевизори како уметност: LG OLED evo W6 и Gallery Art
За потсетување, LG најави дека технологијата повеќе не треба да изгледа како „црна кутија“ во дневната соба и ги навести следните два модела како врвни: LG OLED evo W6 (“Wallpaper TV”) иLG Gallery Art TV. Кога тие се очекуваат во продажба и по која цена?
- LG OLED evo W6 (“Wallpaper TV”): Овој ултра-тенок модел веќе во април/мај 2026 треба да пристигне во Европа. Веста е секако охрабрувачка, но не и продажната цена која за 65-инчниот екран, како премиум модел ќе има и премиум цена и ќе чини околу 8.500 евра
- LG Gallery Art TV: За оние кои бараат „lifestyle“ уред, серијата LX7 доаѓа во втората половина на годинава со попристапна цена од 2.700 € до 3.500 евра.
Samsung и „Micro RGB“ доминацијата
Додека транспарентните панели остануваат фасцинантни прототипи (со планови за комерцијализација дури во 2027), за оваа година Samsung се фокусира на Micro RGB технологијата.
- Достапност: Новите модели влегуваат во продажба во вториот квартал (Q2) на 2026 година
- Ценовен шок: Најавувано како врвно искуство, 115 инчниот модел ќе се нуди по цена од вртоглави 32.000 евра. Сепак, како своеврсна утеха, е највата дека цените на „нормалните“ големини (55-85 инчи) ќе се движат од 5.500 евра до 10.500 евра.
Вештачката интелигенција престана да биде „чет-бот“
Саемот потврди дека ВИ станува реалност, а не само концепт, влијаејќи на иднината на технологијата. Кај овие нови уреди на LG и Samsung, ВИ веќе не е нешто за што барате информација, туку софтвер кој во реално време ја оптимизира сликата, звукот и потрошувачката на енергија во домот, без тоа да го забележите.
Она што ќе ја окарктеризира 2026 година е дека тоа ќе биде година кога технологијата станува интегрирана. Пролетта е на прагот и период кога првите најавувани иновации ќе се појават на полиците, а до тогаш се’ што е потребно е да проверите е колку се длабоки вашите заштеди.
