Наскоро во САД ќе биде отворен првиот дигитален музеј во светот

Дигиталниот музеј Dataland кој наскоро ќе биде отворен во срцето на културниот центар на Лос Анџелес, е најновиот проект на Студиотото Рефик Анадол (RAS).

Ова е прв Музеј на уметноста со вештачка интелигенција во светот и како што се истакнува во објавата на списанието Designboom претставува збир на уметнички искуства што ги спојуваат човечката имагинација и вештачката интелигенција, воспоставувајќи нов модел за уметничко изразување на почетокот на дигиталното доба.

Музеј со разновидна дигитална содржина

Институцијата која опфаќа 2.320 квадратни метри е дизајнирана да содржи пет различни галерии и служи како центар за истражување на креативниот потенцијал на податоците и генеративните системи, а посебно место зазема Infinity Room, култната инсталација на Анадол, која сега се појавува во технолошки унапредена верзија со мириси генерирани од вештачката интелигенција и напредни модели кои го разбираат физичкиот простор и движењето.

Кое е Студиото Рефик Анадол?

Студиото Рефик Анадол e пионерско студио за уметност и дизајн основано од турско-американскиот медиумски уметник Рефик Анадол, создавајќи дела како спој на медиумските уметности, архитектурата и машинската интелигенција, редефинирајќи го начинот на кој луѓето ги доживуваат податоците, меморијата и архитектурата преку вештачката интелигенција. Како такво, претставува едно од најистакнатите имиња во областа на уметноста и архитектурата управувана од вештачка интелигенција, со глобално присуство во светот, а неговиот основач Рефик Анадол е добитник на повеќе признанија и награди.

Овој најнов продор на вештачката интелигенција во уметноста и градењето на нови културни институции, дефинитивно претставува истовремено и поттик за слични проекти и во други краеви и земји во светот, секако вклучувајќи ја и нашата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top